Категории

Кои спортови се најдобри за здрав живот и долговечност?

Се проценува дека недоволната физичка активност е одговорна за повеќе од пет милиони смртни случаи годишно. За да се намали ризикот од срцеви заболувања, дијабетес тип 2, рак и други хронични болести, Светската здравствена организација препорачува дека возрасните личности треба да се вклучат во било која физичка активност најмалку 150 минути неделно.

Активно занимавање со спорт го намалува ризикот од предвремена смрт за 34%, во споредба со луѓето кои не се занимаваат со некоја физичка активност. Овие генерички податоци не значат дека сите спортови имаат ист ефект врз здравјето.

Во новото истражување беа вклучени најчестите спортови – аеробик, возење велосипед, фудбал, спортови со рекети, трчање и пливање, а резултатите беа следни: Спортови со рекети го намалуваат ризикот од предвремена смрт за 47%, пливање за 28%, аеробик за 27%, а возење велосипед за 15%. Податоците добиени за фудбал (18%) и трчање (13%) се помалку веродостојни и истражувачите не можат да ги генерализираат.

Треба да се внимава и на спортските повреди. Околу 6% од луѓето кои се занимаваат со физичка активност се повредуваат секоја година, но фреквенцијата, видот и сериозноста на повредите варираат во зависност од спортот. Сепак, до 50% од спортските повреди можат да се спречат. Истражувачите се согласуваат дека придобивките од физичката активност се далеку поголеми од потенцијалните повреди.