Категории

Кој чај да го пиете доколку страдате од несоница?

Доколку имате проблем со несоница, вознемиреност и депресија, ви препорачуваме секојдневно да конзумирате чај од камилица.


Секој човек барем еднаш во животот се соочил со симптомите на анксиозноста и несоницата. Тие можат да се појават заедно, но и во комбинација со депресијата. Овие три здравствени проблеми имаат големо негативно влијание врз животите на луѓето.

Додека класичната медицина ги лекува овие заболувања со лекови, поборниците на алтернативната медицина веруваат дека лековитата камилица благотворно делува на нервозата, несоницата и депресијата.

cup of chamomile tea with chamomile flowers

Експертите претпоставуваат дека смирувачкиот ефект на камилица се должи на флавоноидиот наречен апигенин. Но, за разика од популарните лекови за ублажување на анксиозноста, камилицата не сознава зависност и не е штетна. Покрај тоа, камилицата го зголемува нивото на глицинот во организмот, аминикиселина која ги релаксира нервите и мускулите.

Чајот од камилица е најпопуларен чај во светот. Едноставно и лесно се приготвува од свежи или сушени цветови на билката. Неколку минути по консумирањето, ќе почуствувате попуштање на напнатоста и стресот.