Уметничката колекција на милијардерот Дејвид Рокфелер во која се наоѓаат дела на Пабло Пикасо, Клод Моне, Џорџија О’Киф, од денес е на аукција.
Како што соопштува аукциската куќа „Кристис“, продажбата на делата би можела да донесе повеќе од 500 милиони долари, кои ќе бидат проследени на бројни филантропи кои биле поддржани од страна на Рокфелер и неговата сопруга додека биле живи.
Дејвид Рокфелер е внук на Џон Рокфелер и почина во март, 2017-та година, на 101 годишна возраст. Тој и неговата сопруга, Пеги беа во брак повеќе од 50 години. Таа почина во 1996-та година.
Парот се сопственици на голема количина уметнички дела, мебел, керамички предмети и предмети од претходните генерации на Рокфелер. Вечерашната аукција ќе биде фокусирана на 19-ти и 20-ти век, а помеѓу предметите ќе бидат и остварувањата на Пол Гоген и Анри Матис.