Ако редовно вежбате, но не гледате резултати, можете да ја промените исхраната, видот на вежбите, да вежбате почесто… Но, генетиката исто така игра голема улога. Што ако генетски не сте предодредени да имате фит тело?
Постојат гени за фитнес, мускулна моќ, прилагодливост на тренинг, како и за големината и формата на вашето тело. Вашата ДНК влијае на вашиот фитнес, и сите добиваме нешто различно од генетската лотарија, но секогаш можеме да го подобриме она што го имаме.
Каде генетиката игра улога?
Честопати се прашуваме дали некоја наша одлика ја имаме наследено, или ја имаме стекнато. Одговорот на ова е – и двете! Научниците гледаат на ова на поинаков начин: колку од разликите помеѓу вас и другите луѓе се предизвикани од гените? Тоа е идејата зад концептот наречен наследност.
Проценките за наследноста се секогаш груби, затоа што зависат од населението кое се проучува. Ако го проучувате фитнесот кај луѓе кои не се активни и постојано седат, ќе откриете дека разликата меѓу нив е главно поради нивната ДНК. Во овој случај, наследноста ќе биде висока, скоро 100%. Но, ако ги проучувате спортистите, ќе откриете дека разликата помеѓу спортистот кој е најфит и оној кој е најмалку фит е предизвикана од вежбањето, оставајќи многу помал процент – околу 50% – на гените.
Затоа, не треба да се обесхрабрувате од наследноста на одликите: можеби нешто има многу големи шанси да се наследи, но тоа може да се промени. Прекумерната тежина, на пример, е 70% наследна, што значи дека гените играат голема улога – но исто така знаеме дека ова може да се промени со правилна исхрана и вежбање.
Тренингот е исто така поврзан со генетскиот фактор. Ако вие и вашиот пријател следите иста програма за вежбање и почнувате со истата тежина, можно е едниот да има подобри резултати од другиот.
Еве уште еден усложнувачки, но надежен фактор: атлетскиот талент е составен од многу компоненти. Можеби не можете да трчате толку брзо како еден од вашите соиграчи за фудбал, но имате подобро око за следење на топката и можете посилно да шутирате. Или можеби вашата издржливост за кардио не е голема, но имате долги нозе и чекорите правилно и ефикасно. Затоа, не се предавајте, дури и ако сте убедени дека имате неколку „фалш“ гени.
1 2