Категории

Конечно е откриена најголемата тајна на Никола Тесла

Тајната наречена „Тајното оружје на Тесла“ е конечно откриена

После многу години трагање и проучување на списите на Никола Тесла, откриено е долго бараното тајно оружје. Водачот на истражувачкиот тим, кој сакал да остане анонимен, го рекол следното:

„Многу сме возбудени што имаме прилика на сите да му ја откриеме оваа тајна, до која се обидувавме да дојдеме долги години. Доколку биде искористено, ова тајно оружје на Тесла ќе им овозможи на народите од Балканот да станат сериозен фактор на светската сцена“ – рекол овој извор.

„Тајното оружје на Тесла се нарекува РАД. Ова е неверојатно оружје, до сега непознато, и му овозможило на Тесла да открие наизменичен трансформатор, безжична комуникација, обратно магнетно поле, радио пренос и уште некои од најважните пронајдоци во историјата. Тесла ова тајно оружје скратено го нарекол РАД и го користел понекогаш дури и по 20 часа дневно“.

РАД е една прилично неодгатлива активност, така што на луѓето на нашите простори ќе им биде потребно долго време за ова тајно оружје на Тесла да можат да го применат во пракса.
Нашите народи се навикнати на секојдневни активности кои се дијаметрално распоредени:
пиење кафе, пуш-пауза, трачарење со колегите, телефонирање, дремење на социјални мрежи, седење по кафичи, расправање за политика, пијанки и забави до утринските часови, следење спотски резултати, следење на јавниот и приватен живот на познатите и слични активности.

Наспроти тоа, РАД се одвива на следниот начин:
Седење и концетрација на задачата, отстранување на се што може да ве вознемирува, посветено решавање на проблемот, не размислување на ништо освен на задачата која се наоѓа пред нас.

Аналитичарите наведуваат дека ќе биде многу тешко да се научи како да се ракува со ова оружје со оглед на тоа дека главната мисла во текот на денот која се мота во главата на нашиот просечен граѓанин е следната: „Каде можам да најдам некој кој ќе го направи тоа место мене, а јас да се богатам од неговата работа и да бидам менаџер?“

Можеме само да се надеваме дека, и покрај се, ќе биде успешно искористен овој потенцијал и конечно ќе биде искористено ова тајно оружје.