Категории

Конверс со специјална цветна колекција на патики во која ќе се заљубите

Легендарните Конверс постојат од 1908 година, иако е задржан нивниот изглед, дизајнерите постојано наоѓаат начини како да ги прикажат во ново светло.

Неодамна тие извадија специјална цветна колекција насловена Floral Parkway. Легендарните Chuck 70 добиваат ново лице со извезени цвеќиња со што се добива оваа луксузна ретро колекција.

Сочинета е од три високи и три ниски модели, изрботени од нежна кожа. Доаѓаат во три веријанти,  жолта”Turmeric Gold”, сина “Washed Denim”  и розева “Punch Coral”, додека ниските се во класичните тонови на морнарско сина  “Obsidian”, крем “Papyrus” и бела “Driftwood”.

Сите се извезени со дезени инспирирани од 70-тите години, даваат бохо вајб и се љубов на прв поглед.

Прегледи:
637
Објавено на:
12.08.2018