Категории

Кралицата е мртва но модата сеуште живее – Продадена чевла на Мариа Антоанета

Мариа Антоанета важела за развратничка и завршила на гилотиња.


Пред неколку дена светот го заобиколи веста дека свилената чевла на Мариа Антоанета се нашла на аукција. Оваа бела чевла била веднаш продадена и тоа по неверојатна цена од 43,750 евра, соопштува аукциската куќа Осенат.

„Предниот дел на чевлата е изработен од свила, задниот од јагнешка кожа а на врвот има четири реда набори, кожна подлога и петата е прекриена со сива лакирана кожа, висока околу 4,7 цм“ – наведува Осенат во описот.

Чевлата е долга 22,5 цм што одговара за бројот 36.

Таа е сочувана така што била предадена на пријателка на главната собарка на кралицата и ја чувале од крајот на 18-ти веке, потомците на жената која умрела во 1816 година.

Кралицата Мариа Антоанета е надалеку прочуена по изјавата „ако немаат леб нека јадат колачи“ за која никаде нема докази дека ја изговорила, таа има австријско потекло а за својот сопруг се омажила кога имала 14 години додека Луј 16-ти имал само 15. Иако при доаѓањето од Виена во Франција најпрво била прифатена со симпатии, набрзо била обвинета за расипништво. За време на француската револуција и била отсечена главата. Приказната за неа и ден-денес го маѓепсува светот а интересно е тоа што аукциската куќа чевлата прво ја проценила помеѓу 8,000 до 10,000 евра меѓутоа цената достигнала вртоглав пораст.

Прегледи:
653
Објавено на:
01.12.2020