Категории

Кралицата на летните овошја – нејзиното височество лубеница

Зрела, црвена, сочна, слатка, вкусна, освежителна… речиси сите убави епитети можеме да ѝ ги доделиме на кралицата на летните овошја – лубеницата.

Лубеницата е една од неколкуте причини поради кои го сакаме летото, и ретко кој фрижидер не е наполнет со резерви од ова рајско овошје.

Зошто ја обожаваме лубеницата?

– 91% од составот на лубеницата е вода. Тоа значи дека ја има моќта да нè хидрира во пеколните жештини без додатните калории, бидејќи лубеницата содржи само 30 калории во 100 гр.

– Може да изедете дури еден килограм лубеница, и да не стигнете ниту приближно до калориите коишто ги има 100 гр. млечно чоколадо.

– Покрај тоа што е богата со витамин А и витаминот Ц, лубеницата содржи и диетални влакна и е одличен извор на калиум, кој го регулира крвниот притисок и работата на срцето.

– Вообичаениот начин на јадење лубеница е свежа и добро оладена на парчиња, но постојат многубројни рецепти, како „торта“ од лубеница или „овошна пица“ со парчиња лубеница.

– Можете да си подготвите освежителен напиток од лубеница, лимони и нане, а не заборавајте да пробате парче од омиленото овошје со фета сирење или во комбинација со моцарела и неколку капки балсамико оцет, за да го почувствувате спојувањето на слатко и солено.

– Исечкајте ја лубеницата во форма на срценца или ѕвездички со помош на форми за колачиња и предизвикајте им насмевка на сите, со неодоливиот сладок вкус на овошната кралица.

Прегледи:
440
Објавено на:
22.07.2016