Кратка приказна на Паоло Коелјо која открива што е вредно во животот…
Кралството на овој свет
Еднаш најмоќниот крал го повикал стариот скитник да го посети неговиот двор.
– Ви завидувам, се задоволувате со толку малку – му рекол кралот на скитникот.
– Јас Вам ви завидувам, Ваше Височество бидејќи се задоволувате со уште помалку – одговорил скитникот.
– Како можеш да кажеш такво нешто, ако целата држава ми припаѓа мене? – рекол навредениот крал.
– Токму поради таа причина. Имам музика на небесните сфери, имам реки и планини низ целиот свет, имам Месечина и Сонце, бидејќи го имам Бога во душата. Вие од друга страна, Ваше Височество, го имате само ова царство.