Категории

Креативен татко и неговите три ќерки создаваат фантастични фотографии!

Гледајќи ги овие фотографии се прашуваме на кого му е позабавно…на таткото или на трите ќерки?

John Wilhelm пред три години сфатил дека нешто недостасува во негвите фотографии, така започнал со фотоманипулациите. Така од „здодевните“ фотографии создава навистина кул фотографии!

„Во тој период мислев дека е невозможно да стигнам професионално ниво, но желбата ми остана и многу брзо напредував“ раскажува тој. „За среќа има многу извори на интернетот од кои може да се научи.“

Со фотографија се занимава од своето детство, неговиот татко бил основач на два фотографски клуба, па фотографијата била постојано дел од неговиот живот.

Сега тој создава магија! Во покривот во нивната куќа, тој и неговите три ќерки создаваат фантастични сцени!

„Лесно е да се фотографираат деца, освен ако не сакаш да направат некоја конкретна поза. Вообичаено им раскажувам приказни, на тој начин ги инспирирам кога работиме на некој конкретен проект.’

Тој вели дека е забавно фотогафирањето со нив, а тајно оружје му се слатките, кои секогаш ги располжуваат.

   

Прегледи:
464
Објавено на:
04.06.2019