Во рубриката 73 прашања со познатите личности, Vogue последно ја избра Криси Тајген.
Познатиот модел ја покани екипата во својот дом каде живее со својот сопруг – музичарот Џон Леџенд и ќеркичката Луна. Додека гостопримливо го претстави својот дом таа одговори на 73 прашања меѓу кои дека пишува нова кулинарска книга, нејзин омилен изглед што го носела на црвениот тепих е тоалетатата на Marchessa на доделувањето на Оскарите, и исто така дека за разлика од својот сопруг кој има освоено неколку греми награди и еден Оскар, таа е апсолутен музички антиталент..
Остатокот од прашањата проследете ги во видеото подолу.