Кристина е латинско име изведено од грчкиот збор Христос, што значи христијанин, крстен, оној кој верува во Бога.
Бидејќи името Кристина се врзува со чинот на светото крштевање и името на Исус Христос, ги содржи и следните значења: жена христијанка, Божја ќерка, безгрешна, дар од Господ, жена која Господ ја пратил меѓу луѓето. Жените со име Кристина честопати имаат прекари, а популарни се Тина, Кика и Крис.
Личностите кои го носат името Крисртина се исклучително добродушни и секогаш подготвени да сослушаат и да ги утешат другите луѓе. Кога ќе се спријателите со Кристина, можете да бидете сигурни дека имате вистински пријател за цел живот.
Жените со име Кристина исто така ги краси скромност и се многу повлечени личности, склони „да подигнат ѕидови“ за да ја заштитат својата среќа од луѓето кои сакаат да ги повредат.
За жените со име Кристина исто така се смета дека се полни со љубов која несебично ја даваат и тоа е нивниот најголем дар. Ако успеете да го освоите срцето на Кристина, можете себеси да се сметате за многу среќна личност.