Категории

Кристина Поптрпева и Елена Петреска успешно ја претставија Македонија на изборот ,,Мис Евроазија ‘’ со освоени круни и три титули

Вчеравечер во хотелот Хилтон во Истанбул,Турција се одржа изборот Мис Евроазија 2020.

Македонија имаше две претставнички,
Кристина Поптрпева и Елена Петреска кои успешно ја претставија нашата земја и се вратија со круни и дури три титули.

Кристина Поптрпева

Нашата претставничка Кристина Поптрпева освои две титули :
Мис Талент, како најталентирана меѓу девојките претставувајќи го својот талент за пеење со изведба на песната “Stay” од Ријана.
Исто така ја освои и титулата Miss Catwalk, односно признание за најдобро движење на писта.

Елена Петреска

Нашата друга претставничка Елена Петреска, се закити со титулата Мис Туризам Евроазија 2020

На изборот победи убавицата од Израел, додека титулата Прва придружничка ја освои девојката од Сибир, а Втора придружничка е девојката од Русија.

Фустаните во кои се претставија нашите девојки специјално за оваа прилика ги изработи нашата дизајнерка Лумније Локи. Тие на изборот настапија преку Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен избор за убавина.

Прегледи:
1173
Објавено на:
19.09.2020