Категории

Крводарителската акција во Музеј на град Скопје по повод годишнината од а

Црвен крст на град Скопје со поддршка на ООЦК Кисела Вода, традиционално, на 26 Јули ќе организира крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје, но и во знак на покажаната солидарноста и хуманоста на нашите сограѓани. Акцијата е веќе препознатливо обележје во нашиот град, дел од сите културни и општествени случувања кои се организираат во град Скопје на споменатиот датум.

И оваа година, крводарителската акција ќе се одвива на 26.07,четврток  во периодот од 09:00-17:00 часот во Музеј на град Скопје  кој се наоѓа кај Старата железничка станица, на ул.  Св.Кирил и Методиј б.б. ( поранешна „Мито Хаџивасилев“).

Во склоп на акцијата, ќе бидат доделени благодарници на поединци или компании/институции кои дале најзначаени придонес во процесот на промоција на крводарителството, но и во поддршка на хуманитарните и социјални програми на Црвениот крст и покажале високо ниво на општествена одговорност и солидарност.

Доделувањето на благодарниците ќе биде во склоп на крводарителската акција, со почеток во 11:00 часот.

Прегледи:
535
Објавено на:
25.07.2018