Категории

Куркумата како лек за варење на храната во желудникот!

Неодамнешно истражување откри дека куркумата е доста важен зачин којшто треба да се употребува во исхраната.

Истиот содржи природно активно соединение наречено куркумин коешто има антимикробни својства.

Куркумата помага во варењето на храната и ја намалува вишокот киселина во желудникот.

Во традиционалната кинеска медицина, куркумата се кристи како лек за дигестивни нарушувања, рани и воспалителни состојби.

Овој зачин е моќен антиоксиданс што значи дека ги неутрализира штетните слободни радикали во телото. Ова помага во заштита на клетките и ткивата.

Иако се смета за добар и здрав зачин, прекумерната употреба кај некои лица може да предизвика проблеми со стомакот. Од клучна важност е да се употребува во умерени количини.

Прегледи:
257
Објавено на:
17.09.2023