Категории

Кусите „дремки“ не прават посреќни и попродуктивни

Британските истражувачи откриле дека дремката, не помага само одморни да го завршите работниот ден, туку може да ве направи посреќни.

Над 1.000 луѓе на различна возраст учествувале на интернет анкета на Единбуршкиот интернационален фестивал на науките. Резултатите покажале дека нивното ниво на среќа зависи од тоа дали и колку долго дремнуваат во текот на денот.

Учесниците биле поделени во три групи: тие кои не дремат, тие чија дремка трае помалку од половина час и тие кои дремат 30 или повеќе минути. Анализата на одговорите на психолошките прашања, покажала дека 66 отсто од учесниците кои кратко дремат покажуваат поголема продуктивност.

– Досегашните истражувања покажале дека кратката дремка од 30 минути не прави пофокусирани, попродуктивни и покреативни. Новите резултати укажуваат на можноста да можете да станете посреќни, рече психологот Ричард Вајсмен од Универзитетот Хертфордшир.

Некои компании како Гугл имаат посебни простории каде вработените можат да отспијат. Сепак, мал е бројот на фирмите кои практикуваат такво нешто. Само 11 отсто испитаници рекле дека им е дозволено кратко да поспијат на работа.

Вајсмен потенцира дека иако кратките дремки од 20 до 30 минути, се корисни за здравјето и подобрувањето на перформансите, подолгото спиење го изложува организмот на одредени ризици.

Прегледи:
307
Објавено на:
09.04.2017