Категории

Лажни пријатели како да ги откриете – Ова се 8 главни особини

Ова се главните карактеристики на лажните пријатели

Дали некогаш сте сретнале некој кој е секогаш пријатен без причина но секогаш им се жали на другите луѓе за вас позади вашиот грб? Дали некогаш сте имале пријател кој ви бил близок но на крајот некако сте завршиле предадени? Внимавајте на лажните пријатели, ова се главните карактеристики на оние кои се однесуваат пријателски но всушност се ваши непријатели.

1.Тие се драги спрема сите
Пријателот на сите е пријател на никого. Едноставно. Можете да бидете најљубезната личност на светот, но едноставно не можете да се согласувате со сите. Луѓето имаат различни карактери,  тоа е во ред. Не морате да бидете компатибилни со секоја личност која ќе ја сретнете.

2.Се натпреваруваат
За нив се претставува натпревар. Било да е тоа некој тест или животен стил. Длабоко се уверени дека се подобри од вас и постојано се споредуваат себеси со вас.

3.Ви даваат лажни ветувања
Сигурно во овој миг имате некој пријател кој ви рекол дека ќе биде секогаш тука за вас, но кога ќе дојдат тешките времиња, тој едноставно исчезнува. Лажните луѓе ќе направат се за да го осигураат своето место, но нема да дадат многу за возврат.

4.Постојано оговараат
Чувајте се од оние луѓе кои ако ги оговараат другите луѓе кои им се блиски, замислете што зборуваат за вас позади вашиот грб.

5.Постојано бараат внимание
Лажните луѓе се преполни со самодоверба, силно веруваат дека светот се врти околу нив. Не е толку тешко да ги забележите. Обично се најгласни во групата, постојано се фалат што прават во својот живот. Очајно бараат внимание, стануваат социопати и нема да размислат два пати кога ќе им се укаже прилика.

6.Никогаш не иницираат контакт
Дали сте забележале дека некои луѓе никогаш не го прават првиот чекор? Било да е тоа повик за излегување или вечера, вие секогаш морате да го иницирате контактот. Веројатно не им сте толку битни за да ја одржуваат врската со вас.

7.Секогаш критикуваат
Искрените луѓе секогаш ќе го уважуваат вашиот труд, ќе ве пофалат, ќе научат од вас. Секогаш ќе ве поддржуваат и ќе бидат среќни поради вашиот успех. Лажните луѓе секогаш ќе најдат нешто погрешно во вашата работа, особено ако не оствариле успех во истото поле.

8.Премногу се смеат
Лажните луѓе имаат тенденција да ги сокриваат своите вистински бои на личноста под нивната постојана насмевка и претераното пријателско однесување.

Прегледи:
1122
Објавено на:
09.01.2020