Категории

Лепенки против брчки – Новиот тренд во светот на убавината

Лентите против брчки се тренд кој станува сè попопуларен на TikTok, а во продолжение ви откриваме за што се работи.

Како што е веќе познато, на платформата TikTok секојдневно се среќаваме со совети за убавина, особено оние поврзани со прикривање на несовршеностите на кожата. Последниот во низата трендови е да се лепат ленти на лицето преку ноќ (или одреден временски период во текот на денот) за отстранување на брчките. Не интересираше дали има смисла да се проба овој тренд.

Лепливи ленти против брчки
Всушност, овој тренд не е толку нов, иако неодамна стана познат. „Frownies“ (to frown на англиски значи „да се намурти“, тоа е игра со зборови) е најпознатиот бренд кој произведува ленти против брчки. И овие ленти се појавија на пазарот уште во 1889 година. А во тоа време тие беа најстрого чуваната тајна на холивудските убавици, како Ракел Велч.

Како функционираат лепливите ленти против брчки?
Токму како што звучи – техниката на лепење ленти на лицето за да се „израмнат“ фините брчки. Со носење во текот на ноќта, во периодот кога мускулите на лицето се фиксираат, лентите ги намалуваат видливите брчки. Исто така, некои дами ги носат во текот на денот и се шминкаат преку нив.

Стручна пресуда
Експертите се согласуваат дека овие ленти можат да ја намалат појавата на брчки, но тие не се долгорочно решение. Меѓутоа, ако се носат цела ноќ, овие ленти може да предизвикаат иритација на кожата на лицето.

Исто така, повеќето од овие ленти тешко се сокриваат од лицето, дури и со многу тешка шминка.

Прегледи:
681
Објавено на:
04.07.2022