Категории

Лесен летен ручек: Мусака со пилешко и зеленчук! (РЕЦЕПТ)

Овој вкусен оброк за целото семејство се подготвува брзо и едноставно.

Состојки:

  • 350 г пилешко филе
  • главица кромид
  • 1 слатка пиперка
  • 2 стебленца целер
  • 150 мл млеко
  • 100 г сирење
  • 1 јајце
  • сол, бибер

Подготовка:

Обарете го пилешкото филе во солена вода. Свареното бело месо исечете го на коцки. Исчистете го зеленчукот. Динстајте го кромидот на маслиново масло, а потоа додадете ги пиперката и целерот. Помешајте го зеленчукот со месото и ставете ги сите состојки во плехот за печење. Добро измешајте го јајцето со млеко и сирење, па сето тоа прелијте го преку месото и зеленчукот. Одозгора ставете рендано сирење. запечете во рерна 15 минути.

Прегледи:
856
Објавено на:
06.08.2019