Категории

Лесен рецепт за чоколадни јајца со кои ќе ги израдувате вашите најмили

Велигден е еден од омилените празници на децата. За да среќата е уште поголема, што мислите да им подготвите чоколадни јајца од состојки кои се здрави и без додатни адитиви?

Неопходно е:

– 100 грама какао путер
– 90 грама какао во прав
– цимет
– 4 големи лажици мед
– ореви
– сува грозје
– полу кесичка ванила
– малку сол

Како да се направи калапот:

За да направите чоколадни јајца потребен ви е калап. Ако го немате, можете да го направите – пресечете пластичното јајце на половина должина, измијте го и ете ви калап!

Подготовка:

Во еден поголем сад загрејте вода до вриење, па во него ставете помал сад, водејќи сметка да не допира во врелата вода. Во малиот сад, се топи какао путерот, се додава какао, мед, цимет и ванила. Измешајте додека не добиете мазна смеса. Подгответе го калапот за чоколадни јајца. Кога ќе ги потопите ќе добиете рамна површина и ќе бидете во можност да ја украсите со ливчиња, ореви, сусам. Од вашите идеи, ќе зависи како јајцата ќе изгледаат. Украсените јајца ставете ги во фрижидерот за да се зацврстат.

Погледнете го видеото во кое сè е постепено објаснето:

Прегледи:
593
Објавено на:
04.04.2018