Категории

Лесно, брзо и евтино- направете ја најубавата декорација за Нова Година

Празничната магија веќе започна да ги загрева нашите души, но крајно време е новогодишната бајка да го исполни и вашиот дом.

Ако немате време да направите комплицирани украси, сакате да заштедите пари, а сакате едноставна декорација со вкус, тогаш имаме одлична идеја за вас.

Сигурно имате миризлива свеќа во вашиот дом, а доколку ја немате, нема да потрошите многу пари. Ние ви нудиме неколку едноставни, но волшебни и ефикасни комбинации за празнична декорација каде миризливите свеќи играат главна улога.

На многумина им се допаѓа едноставната декорација со свеќи во украсена тегличка бидејќи е лесно да се направи и изгледа магично. Теглата можете да ја декорирате со сушено овошје, цвеќиња, мов, шишарки или колаж хартија или со платно за да направите украсни теглички.

 

За бохо миризлива декорација, предлагаме да ги украсите свеќите со зачини, како што се босилек, рузмарин или цимет. Покрај тоа што ќе изгледа декоративно, ќе го исполни вашиот дом и со прекрасен мирис.

 

Исто така популарни на социјалните мрежи се и свеќите во овошје, односно свеќи во портокали или јаболка или оние што се украсени со сушено овошје.

 

Декорациите без кои е невозможно да се замисли празничната магија се секако новогодишни и божиќни аранжмани во кои доминираат свеќи, а има и неколку едноставни начини да се создадат уникатни свеќници.

Прегледи:
854
Објавено на:
23.12.2019