Категории

Летото е вистинско време за следново мени: Диета со краставици и домати!

Со диета од краставици и домати, можете да ја добиете формата за која отсекогаш сте сонувале. Диетата трае еден месец.

Имајте на ум дека постојат нормални стандарди за губење на тежината, за кои е потребно да не губите повеќе од 10 кг месечно. Пребрзото слабеење  може да доведе до разни заболувања. Побарајте совет од вашиот лекар пред да започнете со држење на диета.

Режимот на исхраната вклучува лесна храна која во исто време и ве заситува. Со оваа диета, вие не се ограничувате, туку едноставно преминувате на подобар и поздрав начин на исхрана.

Еве ја диетата:

 

1 ден

Појадок: 2 парчиња двопек со малку путер, 1 јаболко

Ручек: Супа со краставица

16:00 часот: 1 банана

19:00 ч. вечера: салата од домати и краставици

 

 2 ден

Појадок: Мусли со едно кисело млеко (до 2% млечна маст)

Ручек: Варени компири со малку сирење

16:00 часот: 1 банана

19:00 ч. вечера: салата од домати и краставици

 

3 ден

Појадок: 1 јаболко и 1 банана

Ручек: пилешка супа

16:00 часот: неколку бадеми

19:00 ч. вечера: салата од домати и краставици

4 ден

Појадок: бадеми, 1 јаболко

Ручек: Супа со краставица

16:00 часот: 300гр по избор овошје

19:00 ч. вечера: салата од краставици и домати

 

 5 ден

Појадок: 350 гр овошна салата

Ручек: Варени компири со сирење

16:00 часот: 1 јаболко

19:00 ч. вечера: салата од краставици и домати

 

Салатата од краставици и домати може да ја зачините со малку маснотии и сол. Но доколку можете избегнете ги и и нив. Доколку сте гладни во времето во кое не е дозволено да јадете, пијте минерална вода или претходно приготвен зелен чај.

За време на викендите, можете да си ги дозволите сите искушенија што ви се забранети во работните денови, но во соодветни количини. Дури и тогаш, обидете се да јадете корисна храна. Ако не го почитувате ова, нема да го видите ефектот на слабеење.

Прегледи:
762
Објавено на:
16.08.2019