Категории

Levi’s фармерки за совршен задник! (фото)

Компанијата “Levi’s” го претстави новиот модел на фармерки за кои тврди дека даваат совршен облик на задникот.

Моделот “Wedgie Fit” наводно на дамите им овозможува да имаат совршен задник, така што го подигнуваат, а широкиот штеп на средината го прави задникот и малку поширок.

Сосема сигурно е дека претставувањето на овој модел е многу чуден потег на компанијата, но колку и да звучи чудно што некој сака задникот да му е поголем и поширок, бројни познати дами веќе ги “зграпчија” овие фармерки – меѓу кои е и Кајли Џенер.

Меѓутоа, иако од компанијата тврдат дека “Wedgie Fit” фармерките го прават задникот совршен, ние баш и не гледаме некоја разлика во однос на другите модели.

jankajl3

Зборувајќи за овие фармерки со висок струк, мораме да забележиме дека тие повторно се во тренд. Едно време, не само што не беа модерни, туку се сметаа за старомодни. Сега ги шетаат бројни млади дами, а модните критичари сметаат дека таквите модели се многу женствени, но и практични бидејќи го сокриваат малиот вишок на стомакот и го истакнуваат задникот.

kajjan1

Прегледи:
1227
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
10.02.2016