Категории

Љубов на прв поглед: Непроценлива реакција од шест браќа за сестра им (ВИДЕО, ФОТО)

После шест момчиња во семејството Леир стигнало девојче. Погледнете како нејзините браќа реагирале кога ја запознале својата сестра, која без сомневање ќе биде најсреќното девојче…

Џексон (13): ‘Никогаш предходно не сум растел со девојче. Тоа за мене ќе биде едно ново искуство.’

Сите веќе знаат дека врската помеѓу браќата и сестрите е посебна и нераскинлива. Меѓутоа, како изгледа да раснете во семејство во кое сте единствено девојче помеѓу шест браќа, открива брачниот пар Шер и Стефан Леир.

Кембел (10): ‘Дефинитивно ќе бидам нејзин заштитник. Кога прв пат ќе го донесе своето момче дома ќе му кажам. ‘Ова се моите браќа и за да дојдеш до мене, треба да поминеш покрај нив.’

2

Тие неодамна станале родители на девојчето Руби Џејн, но пред неа тие веќе ги имале своите синови и тоа ниту малку ниту повеќе туку шест на број.

Сојер (7): ‘Ако нешто и се случи, ќе станам полицаец, ќе го најдам тој лош човек и ќе го пикнам во затвор на илјада години.’

3

Момчињата, по име Џексон (13), Кембел (10), Сојер (7), Хјустон (5) и Шепард (4), Нокс (2), биле неворајатно возбудени кога за прв пат се сретнале со својата сестра.

Хјустон (5): ‘Ме загрижува розевата боја. Кога ќе порасне сигурно се ќе биде во розева боја, а јас не сакам розево. Тоа не е боја за момчиња.’ Фото

4

Нема сомнеж дека малата Руби Џејн покрај вакви браќа ќе биде вистинска принцеза, но и најсреќното девојче во светот.

Шепард(4): ‘Послатка е од тоа што мислев дека ќе биде.’

5

Нокс (2) – Најмладиот од браќата сеуште е во фаза на гугање. Најчесто само го гледа бебето, го бакнува и и збори на свој јазик.

6

По овие симпатични изјави на браќата, следи видеото каде може да погледнете како овие момчиња реагирале на раѓањето на својата сестра:

Прегледи:
579
Категории:
Дом и семејство
Објавено на:
07.02.2016