Категории

Љубовната приказна помеѓу Ед Шеран и неговата љубов од детството Шери Сиборн

Стиховите на хитот на Ед Шеран „We were just kids when we fell in love / Not knowing what it was / I will not give you up this time“ очигледно биле наменети за неговата сакана, сега вереница, Шери Сиборн. 

Двајцата биле ученици во средното училиште Thomas Mills, двајцата со посебни таленти, во различни полиња.

Ед Шеран чудно момче со портокалова коса, со неверојатен музички талент, а убавата брунета Шери Сиборн, една генерација помала од него, била првак на теренот за хокеј.

Парот развил блиско пријателство во школските денови, но Ед уште тогаш бил заљубен во неа, иако не биле заедно. Се случил животот и тие тргнале по различни патишта. Шери дипломирала молекуларна биологија и била дел од хокејскиот тим под 21 година на Англија. Сега таа работи како сениор консултант во престижна сметководствена фирма Deloitte.

Додека Ед, како што сите знаете, набрзо по завршувањето со школото стана успешен во малку погламурозно поле. По заминувањето од малото градче Framlingham неговите песни имаа милионски тираж, а неговиот албум Divide стана број еден.

Магазинот Форбс процени дека во 2015 година Ед заработил 40 милиони фунти, но тоа не го направило среќен. Во неодамнешно интервју зборувал за себе и како се затворил во својот стан во Лондон четири месецеи, борејќи се да се справи со притисоците на славата. Во тој период се навратил на неговите средношколски денови, кога бил заљубен во Шери.

Парот е сега заедно, среќни се и заљубени, Ед минатата недела ја објави нивната свршувачка. „Си добив вереница баш пред новата година. Многу сме среќни и заљубени, и нашите мачки се исто така пресреќни.“ напиша во објавата на инстаграм, во прилог на слатка фотографија каде тој ја бакнува во образ.

Сеуште нема никакви детали за свадба, но шпекулациите велат дека парот одбил понуда од 3 милиони фунти од Us Weekly за документирање на моментот. Што значи дека парот планира мала прослава, далеку од очите на јавноста, како што и било досега.