Категории

Љубовта на животните е безрезервна: Девојка спасила мечка од заробеништво и сега се неразделни пријатели

Фотографиите што ги споделува на својот профил на Инстаграм сведочат за големата љубов и нежност на човекот и животните. Колку се чудни начините на живот, сведочи ова необично пријателство. Русинката Вероника Дичка ја спаси мечката Арчи од заробеништво и двајцата наскоро станаа најдобри пријатели.

Вероника за прв пат го виде Арчи во зоолошката градина, каде живееше со уште неколку мечки. Тогаш сопствениците мораа да ја затворат зоолошката градина поради пандемија. Како што минуваше времето, така и финансиите стануваа попроблематични, стана сe потешко да се одржи засолништето, па Арчи и другите животни не добија доволно храна. Тогаш Вероника одлучи да го посвои.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Veronika Dichka (@dichkaaaaa)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Veronika Dichka (@dichkaaaaa)

Бидејќи мечката се роди и порасна во заробеништво, Вероника знаеше дека нема да може да преживее без помош на луѓето, па затоа почна да се грижи за него. Не помина долго време кога двајцата станаа буквално неразделни. Сега Арчи ја гледа како член на неговото семејство. Тој дели храна со неа, спие во нејзините раце и се крие зад неа кога се плаши.

Вероника често објавува заеднички фотографии на Инстаграм, кои имаат неколку илјади лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Veronika Dichka (@dichkaaaaa)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Veronika Dichka (@dichkaaaaa)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Veronika Dichka (@dichkaaaaa)

Прегледи:
545
Објавено на:
13.08.2021