Категории

Љубовта не е доволна: 12 нешта кои мора да ги знаете за успешна врска!

Некои луѓе влегуваат во врска поради тоа што се плашат од осаменост. Други пак, затоа што се целосно обземени од љубовта кон некого. Без разлика на причините, сепак сите ќе се сложиме дека сакаме врска која има значење, која е силна и долготрајна. Вистинското прашање кое се поставува е: Што значи добра врска?

1. Ако некој навистина ве сака и сака да биде со вас, ќе биде со вас.

2. Ако некој навистина се грижи за вас, никогаш нема да ве стави во ситуација да ги преиспитува своите чувства кон вас.

3. Учите дека бакнувањето, галењето, состаноците и романтичните изненадувања се слатки, но тие не значат приврзување. Тие не се предуслов за соочувањето со потешкотиите кои се појавуваат во секоја врска порано или подоцна.

4. Учите дека секоја значајна и успешна врска бара многу повеќе од љубов.

5. Љубовта не изгледа и не се чувствува онака како сте мислеле. Сепак, добрата врска ќе ве научи како изгледа вистинската љубов.

6. Нема секогаш да бидете свесни за моментот кога прв пат ја запознавате личноста со која ќе го поминете животот.

7. Кога навистина сакате некого, го прифаќате токму онаков каков што е, со сите маани, несигурности и стравови.

8. Не треба да се преправате дека сте некој друг само за да ја импресионирате саканата личност.

9. Поминувањето на неколку денови одвоени од саканата личност не значи сомневање во вашата врска и неговата љубов кон вас.

10. Аргументите не ве одвојуваат – тие зближуваат.

11. Ако е вистинска љубов, никогаш под никакви околности не се откажувате еден од друг.

12. Последно, но не најмалку значајно, учите дека кога сте во добра врска, сосема сте задоволни од својот избор.

Прегледи:
611
Објавено на:
21.06.2019