Категории

Љубовта не знае за граници – Баба и дедо побегнале од старечки дом

Баба на возраст од 92 години, побегнала со својот дечко – дедо на 87 години од старечки дом

Работниците во старечкиот дом „Vilberg“ во Ејсволд во Норвешка се преплашиле кога на паркингот пронашле справа за одење на својата пациентка – 92 годишна баба.
Веднаш повикале полиција и кренале узбуна, бидејќи било констатирано дека старицата ја нема во домот.
Првата помисла била дека на бабичката и се случило нешто, но набрзо се открило дека приказната е многу по романтична.
Тие откриле дека бабата отишла во Стокхолм со својот дечко, дедо на возраст од 87 години, заминале на романтичен одмор.
Управничката на старечкиот дом, Јанка Холстад изјавила дека е во прашање прекрасна љубовна приказна.

„Замислете да не можете да одите на романтичен одмор само заради тоа што сте постари од 90 години. Госпоѓата не направила ништо незаконско, но нас не исплаши затоа што не ни најави дека ќе отпатува“, рекла управничката на домот.

Заљубениот пар моментално ужива во куќата на љубовникот на бабата, во близина на Стокхолм, како што најавиле тие ќе се вратат во старечкиот дом за викенд.