Категории

Луѓето кои ги објавуваат нивните физички активности на Фејсбук имаат психички проблеми

Бидете искрени: Колку пријатели имате на Фејсбук кои секогаш објавуваат фотографии од нивната посета на салата за вежбање или од џогирање? Можеби и вие самите го правите тоа.

Можеби делува мотивирачки кога наутро ќе прочитате нечиј статус кој гласи: „Истрчав 5 километри пред работа!“, но тоа може и ужасно да ве иритира во зависност од тоа колку ги мразите исфорсираните емотикони со стегнати бицепси.

Едно истражување, спроведено од страна на Универзитетот Брунел во Лондон, имало за цел да открие зошто толку луѓе имаат потреба да ја споделат секоја нивна рутина за вежбање на социјалните мрежи. Резултатите не се баш позитивни, во најмала рака.

Тие се зависни од внимание и зголемување на егото

Се чини дека луѓето кои секогаш ги објавуваат нивните активности од салата за вежбање или од нивното обично џогирање се нарциси. Според истражувањето, нивната главна цел е да се пофалат за тоа колку време трошат на нивниот изглед. Исто така, наводно овие објави добиваат повеќе Фејсбук лајкови од останатите.

Нарцисите многу почесто објавуваат статуси за нивните достигнувања, што е поттикнато од нивната потреба за внимание и валидација од страна на Фејсбук заедницата. Меѓутоа, големиот број лајкови не мора да значи дека на сите им се допаѓа тоа што ги гледаат тие фалбаџиски објави.

„Иако според нашите резултати фалењето на нарцисите се исплати, бидејќи тие навистина добиваат повеќе лајкови и коментари на нивните објави, сепак веројатно се работи за тоа што нивните Фејсбук пријатели учтиво ги поддржуваат, додека потајно не ги одобруваат таквите егоистични испади“, вели доктор Тара Маршал, една од истражувачите.

Па така, освен ако не правите нешто навистина креативно и необично во вашите физички вежби, воздржете се малку од секојдневните објави на Фејсбук за вашиот прогрес во салата за вежбање. Пријателите ќе ви бидат благодарни.

Прегледи:
460
Објавено на:
13.08.2016