Категории

Луѓето родени помеѓу 1985 и 1995 се најуникатните генерации на сите времиња. Еве зошто!

Луѓето родени помеѓу 1985 и 1995 се најуникатните генерации на сите времиња. Еве зошто:

Тие се помеѓу две генерации: онаа пред интернетот и технологијата да завладеат со светот и онаа откако се случи револуција во развојот на технологијата.

Генерацијата пред нас веруваше дека треба да се работи напорно. Генерациите по нас веруваат дека треба да се работи паметно.

Видовме сѐ: Радио, ТВ, Марио, Нокиа, Нинтендо 64, Самсунг, Ајфон, ПС4, касети, ЦД, ДВД, Нетфликс, Снепчет, Емотикони и Виртиуелна реалност…

Генерацијата пред нас веруваше во едноставните мејлови во кои бараа пари и љубов. Генерацијата по нас знае дека е подобро да имате четири мејлови: еден официјален, еден за социјални медиуми, еден за финансиски трансакции и еден за експериментирање со работите во кои немате доверба.

Ние сме генерацијата која ја почитува традицијата и ја истражува… во зависност со тоа што има смисла да се почитува. Генерацијата пред нас никогаш не ја доведуваше во прашање традицијата. Генерацијата по нас не знае за традиција.

Ние сме просторот помеѓу индустриската ера и интернет ерата. Ние ги разбираме и двете страни и сме ги искусиле. Ние треба да владееме со светот! Старите луѓе не разбираат што се случува во денешно време, новите генерации не разбираат потполно како и од каде започна сѐ.