Категории

Луксузниот живот на Меган Маркл: Журка во најскап хотел, ексклузивни гости, специјални подароци!

Војвотката од Сасекс одлучила во тајност да отпатува во Њујорк, но не само што не било тајно, туку новинарите веднаш ја откриле и причината за нејзиното патување преку океанот во поодмината бременост.

Имено, таа вчера приреди забава по повод дарување за бебето, популарниот Baby shower, на кое присуствувале блиски пријатели и многу познати личности, како Амал Клуни, модните креаторки Миша ноно и Џесика Милрони, тенисерката Серена Вилијамс…

За прославата е избран најскапиот хотел на Менхетен – The Mark, во кој ноќевање чини дури 75.000 долари! Познатите пријатели на британската војвотка го славеле доаѓањето на бебето во апартман кој се простира на повеќе од 900 квадрати, со тераса на која се гледа Централ Парк и Метрополитенскиот музеј на уметности.

На луксузната прослава, Меган добила преубави и прескапи подароци за бебето, кое би требало да дојде на свет во април. Помеѓу останатото, тука била и машината за шеќерна волна, еколошки кревет, многу брендирани облеки, цуцли, играчки…

Меган веќе денес го напуштила Њујорк, вкупно плаќајќи за својот дводневен престој 250.000 долари. Папараците не успеале да ја пропуштат ниту на враќањето во Лондон, каде што се упатила облечена од глава до пети во спортска комбинација.

Причината за толку кратка посета веројатно е фактот што Меган со нејзиниот сопруг, принцот Хари за два дена ќе отпатуваат на дводневна посета на Африка.

Прегледи:
424
Објавено на:
22.02.2019