Мајкл Бубле и Лусиана Лопилато го очекуваат своето трето дете.
После шпекулациите, тие веста ја потврдија на нивното појавување на наградите Juno во Ванкувер, Канада, каде 30 годишниот модел се појави со меше додека го придружуваше својот 42 годишен сопруг на доделувањето на наградите.
Бубле ја потсети публиката дека пред пет години, додека бил водител на Канадскиот музички фестивал во Регина, таа го очекувала првото дете и ја потврди веста за приновата во семејството.
Парот веќе има две деца, четри годишниот Ноа и две годшиниот Елиас. Тие се соочија со потешкотии кога Ноа беше дијагностициран со рак во 2016 година, но тој успеа да се избори и закрепна.