Категории

Мачките изгледаат како „лоши“ во споредба со кучињата, но тие само сакаат поинакви работи – Објаснување на однесувањето на мачките

Многу често луѓе викаат дека мачките се лоши, или барем полоши од кучињата. Тоа не е точно – мачките само имаат малку поспецифично однесување кое треба да се научи.

Што, всушност, мислат мачките со своето однесување?

Се врти на грб, го покажува стомачето и Ве напаѓа ако ја допрете
Не значи: Чешкајте ме по мешето
Значи: Ми се игра! Ако посегнете по стомачето, ќе ви ја грабнам раката и ќе ве каснам, мислејќи дека си играме.

Лежи на грб и мрзеливо го покажува стомачето
Не значи: Пак те излажав!
Значи: Ти го покажувам мешето бидејќи ти верувам. Те молам не ја крши таа доверба со тоа што ќе навлезеш во мојот приватен простор.

Се трга наеднаш додека ја галите
Не значи: Наеднаш се премислив и сега не те сакам повеќе
Значи: Не сакам како ме галиш. Фокусирај се на мојата глава и рамења, наместо на целата должина на мојот грб.

Е во иста соба со вас, но не се обидува да влезе во интеракција
Не значи: Те игнорирам
Значи: Се дружиме! Го почитувам твојот простор, а сепак уживам во твоето друштво.

Ви ја гребе или удира раката ако ја галите
Не значи: Те мразам!
Значи: Ми приоѓаш премногу нагло. Те молам биди понежен и попретпазлив.

Ве зјапа
Не значи: Ви се чудам или ви се плашам
Значи: Како пустинско животинче, имам одлична лубрикација на очите долго време, и немам потреба од често трепкање. А и ве сакам па сакам да ве гледам.

Прегледи:
524
Категории:
Животни
Објавено на:
27.10.2020