Македонската манекенка Андријана Илиоска продолжува да нижи успеси во светот на модата на интернационално ниво! Таа беше дел од уште еден голем настан – Арапската модна недела во Дубаи. Оваа модна недела траеше 9 дена, од кои првите два дена биле резервирани за кастинзи и фитинзи за престојните ревии.
Нејзината убавина и идеални пропорции не останаа незабележани од модните дизајнери на Арапската модна недела, па така од вкупно 18 дизајнери на модниот викенд, Илиоска работеше за 14, меѓу кои и светски познатиот бренд Moschino чија ревија се одржа првиот ден одбележувајќи го отворањето на модната недела.
View this post on Instagram