Категории

Мала и модерна приколка, за совршено авантуристичко истражување на светот

Возејќи се по било кој автопат во светот, веројатно ќе наидете на луѓе кои патуваат со патничка приколка, тоа за некои е одличен начин за одмор, авантура и истражување на светот.

airstreambasecamp1

Airstream се производители на класичните, особено американски, приколки кои се нарекуваат и „сребрени куршуми“ од 1931 година.

Нивни најпознат подел е класичниот ретро караван, долг речиси 10 метри и чини 135.000 долари, а легендарната компанија сега има и помал и подостапен модел – Basecamp.

Долга речиси 5 метри, оваа мала приколка содржи се што ви е потребно за пристојно и удобно патување. Удобен дупли кревет, тоалет со туш, систем за затоплување и климатизација, усб порти, кујна и уште многу други работи.

Чини само 35.000 долари, во споредба со класичниот модел е прилично подостапен, а за вистинските љубители на ваквиот живот е права прилика.

airstreambasecamp2

 

airstreambasecamp3

 

airstreambasecamp4

airstreambasecamp5
airstreambasecamp6

airstreambasecamp7

airstreambasecamp8