Малку познати факти за Алберт Ајнштајн кои ќе ве изненадат!

На 14.03.1879 година се родил Алберт Ајнштајн, еден од најголемите умови во светот на науката. Според рангирањето на највлијателните луѓе во историјата, Алберт Ајнштајн ја има титулата за најголем научник во 20-ти век и еден од најсупериорните интелектуалци на сите времиња. Во продолжение можете да прочитате интересни, но не доволно познати факти за овој научник.

1. Ајнштајн наводно многу бавно зборувал, а првиот збор го изговорил на три годишна возраст. Доктор Thomas Sovel дури има воведено и термин „Ајнштанов синдром“ за да ги опише многу паметните луѓе кои подоцна прозборуваат.

2. Кога Ајнштајн имал пет години, татко му му покажал џебен компас. Ајнштајн бил воодушевен. Која сила ја тера таа мала игла да покаже одреден правец? -Ова прашање го мачело Ајнштајн во текот на наредните години и затоа почнал да се запознава со науката и да ја проучува.

3. Мајката на Ајнштајн, Паулина, била успешна пијанистка и сакала и нејзиниот син да ја засака музиката, па го учела Ајнштајн да свири на виолина. Во почетокот Алберт ја мразел виолината, но на 13 години се предомислил- кога ја слушнал композицијата на Моцарт. Со истата страст свирел виолина до крајот на животот.

4. Денот кога претседателот Hajm Vajcman починал, 09.11.1952 година, Ајнштајн бил запрашан дали сака да биде претседател на земјата. Тогаш седумнаесет годишниот научник ја одбил таа понуда.

5. Ајнштајн никогаш не научил да плива, но ги обожувал бродовите и едрењето.

6. Тој мразел чорапи и ретко кога ги носел.

7. Обожавал да пуши луле и сметал дека тоа го смирува.

8. Неговите истражувања и познатата формула 𝐸=𝑚c2 помогнале во правењето на атомска бомба. Ајнштајн подоцна се покајал заради тоа и изјавил: „да знаев дека Германците нема да успеат во правењето на атомска бомба, ништо не би направил“.

9. Алберт Ајнштајн е анаграм „Ten elite brains“.




Коментари

[fbcomments]