Категории

Марија Спасовска ќе ја претставува Македонија на фестивал за филмска музика во Варна

Марија Спасовска следната седмица заминува за Варна Р. Бугарија каде повторно ќе ги брани боите на македонското знаме. Со песната My heart will go on од филмот Титаник ќе настапи на фестивалот за филмска музика – Арлекин, за кој беше специјално одбрана и поканета по преслушувањето на нејзините досегашни објави од нејзините настапи на You Tube.

Арлекин е филмски и мултимедијален интернационален фестивал кој ќе се одржи во Варна од 08 до 12.06, а директен пренос ќе има на БНТ и БТА. На фестивалот учествуваат иновативни и креативни младинци до 20 години кои се интересираат за мултимедија. Нашата Марија со само 13 години ќе застане на отворената сцена во центарот на градот на уметноста Варна и ќе ги покаже своите способности. До тогаш, до нови информации од настапот, Слушнете ја изведбата на My heart will go on од Марија Спасовска објавена денес на нејзиниот YouTube канал.

Прегледи:
515
Објавено на:
01.06.2019