Категории

“Машката” фризура повторно на врвот на најпопуларни фризури

Пред двадесет години, “машката” фризура стана светски хит благодарение на Деми Мур, а денес нејзини икони кои ја прославија повторно се Кара Делевин и Кристен Стујарт.

Освен што изгледа откачено и бунтовно, оваа фризура важи за безвременска класика. Познатите дами ја носат и на црвениот тепих и изгледа навистина отмено во комбинација со гламурозен фустан или елегантно одело..

Оваа фризура највеќе им прилега на мали триаголни лица со изразени јаболкници и блиска пропорционалност помеѓу јаболкниците и брадата. Таа особено изгледа добро на плавуши и црнокоси велат стилистите…Доколку сте една од оние дами кои сакаат да екдпериментираат со изгледот и не се плашат од храбри промени, тогаш оваа ‘пикси’ фризура дефинитивно мора да се најде на вашата must листа!