Категории

Маската на студените луѓе – Тие некогаш имале кревки срца но биле предадени

..И тогаш другите ги сметаат за нелуѓе. За мрачни и студени вампири кои не познаваат љубов, а тие всушност ја познавале многу добро, само ја дале на погрешни личности

Во животот луѓето се навикнуваат на ударите и подметнувањата и сето тоа остава трага врз нив. И никогаш повеќе не се истите луѓе кои некогаш биле.

Тоа ги променува нивните размислувања и чувства, ги променува нивните навики. Ги претвора во луѓе кои се плашат и од сопствената сенка, се плашат од она што доаѓа следно и се плашат од следниот удар и колку болка ќе им нанесе. Ги смалуваат очекувањата од другите и едноставно тешко успеваат да веруваат дека некогаш ќе наидат на некој кој нема да им го нанесе истото зло.

Учат да не му верувааш на никого затоа што сите кои влегле во нивниот живот немале намера да останат туку само да наминат и да исчезнат засекогаш. И ги сокриваат своите емоции толку длабоко што речиси го забораваат патот до нив. Од страв дека ќе бидат повторно повредени, од страв дека ќе бидат повторно предадени. И тогаш другите ги сметаат за нелуѓе. За мрачни и студени вампири кои не познаваат љубов, а тие всушност ја познавале многу добро, само ја дале на погрешни личности.

Прегледи:
521
Објавено на:
15.03.2020