Категории

Мажи откриваат што научиле од живеењето со жена

Луѓето учат во текот на целиот свој живот, на различни начини. Еден корисник на Редит ги прашал мажите што научиле или откриле само кога започнале да живеат со жена, а досега се објавени повеќе од 14.000 одговори. Ова се некои од нив:

1. „Таа има само еден добар градник. Дел од мојата должност како маж е да се осигурам дека тој секогаш е правилно исперен и ставен како што треба, морам да го заштитам со сите расположиви средства. Жени зошто имате само еден добар градник? “

2. „Научив дека бањата може да мириса на сапун, цвеќе и кокос“.

3. „Миењето на косата и туширањето се очигледно две различни работи“.

4. „Ако оставам нешто на кујнскиот шанк, тоа ќе биде фрлено. Ако остави таа нешто таму, тоа е местото каде што ќе стои сега “.

5. „Џебовите на женските панталони се реткост“.

6. „Има погрешен начин да се простира облеката за да се исуши“.

7. „Невиното кратко чистење, под вистински околности, може да стане фундаментална реорганизација на мебелот во куќата, ако не бидете внимателни“.

8. „Откривате колку храна навистина се вклопува во фрижидерот“.

9. „Шминкањето трае многу долго“.

10. „Цел живот погрешно перев облека“.

11. „Толку лошо ја полнам машината за миење садови што ми е забрането да го правам тоа повторно“.

12. „Никогаш не можете да имате премногу перници, чаршафи и ќебиња“.

13. „Колку и да го вакуумирате подот, секогаш ќе има коса“.

14. „Отсекогаш мислев дека влошките функционираат како лепенки и дека жените само ги лепат на вагините, а потоа апсорбираат сè. Имав 27 години кога една девојка ме испрати за влошки во продавницата, па ѕирнав во кутијата. Делот што требаше да се залепи беше на спротивната страна од влошката, не онаа каде што го очекував и тогаш сфатив дека влошките се лепат на гаќичките, а не на вагината. Единствено жалам што и кажав за моето откритие: таа се смееше до солзи, а потоа и се јави и на мајка и да и каже сè “.

Прегледи:
495
Објавено на:
04.05.2021