Категории

Мажите ги фаќа поголема паника пред венчавката отколку жените

Иако пред венчавката воглавно жените се во еуфорија, нервозни и раздразливи, новите истражувања покажуваат дека сепак мажите се поголеми паничари.

Тим научници од Америка орктива дека секој четврт маж, само при планирањето на венчавката и на самиот ден страда од многу поголем стрес од жената. Во анкеатата учествувале 160 испитаници кои дошле до сознание дека секоја шеста дама овој настан го доживува како стресен.

Најголем проблем им создава грижата околу повикувањето на роднините и пријателите, потоа финансискиот дел па музиката, храната и пијалоците. Третина од мажите неколку дена пред венчавката имаат сериозни проблеми со несоница а најчесто раздразливоста доведува и до расправии помеѓу партнерите.

Од друга страна на жените постресна им паѓа помислата за пораѓај и самиот факт дека нивното тело се менува.

Прегледи:
780
Објавено на:
16.11.2020