Категории

Мажите најмногу се плашат од жени родени во овие три хороскопски знаци

Силни и храбри, жените родени во следниве хороскопски знаци имаат многу предности во животот: напредуваат во работата и се многу снаодливи, паметно ги застапуваат своите мислења и знаат што сакаат.

Таквите жени, дури и во љубовта понекогаш ги плашат мажите. Еве во кои знаци се родени повеќето такви жени и зошто мажите се плашат токму од нив.

Овен
Жените родени во знакот Овен имаат исклучително силна волја и немаат влакна на јазикот. Кога мажот ќе ги праша „Нешто не е во ред?“, ќе добие брутално искрен одговор. Не е ни чудо што жените родени во Овен не играат по ничија музика – всушност, тие воглавно диригираат.

Близнаци
Тишината во друштво со жена родена во знак на Близнаци? Тоа е невозможно, затоа што тие сакаат дискусии – особено гласни. Она што за нив на работа е обично, за мажите е најстрашно. Штета, бидејќи од толки изговорени зборови би можеле и нешто да научат.

Шкорпија
Таа со еден поглед може да му ги избрише  машкоста, гордоста и егото. Тешко може да се започне дискусија со неа, таа секогаш има силни и непобитни аргументи во ракав. Вистинска жена змеј!

 

Мартин М. | Среќа.мк