Категории

Ме чуваше мечката: 3-годишно дете преживеало 3 денови во шума!

Кеси Хатавеј, тригодишното момче, кое преживеало две ноќи само во ледената шума, рекло дека во текот на неговото исчезнување го чувала мечка.

Спасувачите го пронашле Кеси Хатавеј заплеткан во грмушка со трња во округот Кравен, во американската држава Северна Каролина, во близина на местото каде што исчезнал од куќата на својата баба.

Тој исчезнал во вторник, додека температурата била многу ниска, а потрагата за него набргу била откажана поради силните дождови и ветрови. Кеси полицијата го пронашла откако еден човек слушнал дете како плаче и ја довикува мајка си.

Шерифот на округот Кравен, Чип Хју го изјавил за локалната телевизиска станица следново: „Не објасни со многу зборови како успеал да го преживее ова. Рече дека има пријател во шумата кој е мечка и кој постојано бил со него“.

Зборовите на момчето ги повторила и неговата тетка, која на Фејсбук напишала: „Кеси е здрав, се смее и зборува. Рече дека се дружел со мечката два дена. Бог му испратил пријател да го чува. Бог е добар. Чуда се случуваат!“

Во Северна Каролина има многу црни мечки, кои обично не се агресивни кон луѓето, иако е нејасно дали оној кој се спријателил со Кеси е вистински или производ на неговата фантазија.

Прегледи:
446
Објавено на:
29.01.2019