Посетителите на руското одморалиште Краснаја Полјана крај Сочи, имаа ретка можност да снимат мечка којашто своите две младенчиња ги поведе на ски патеката.
Мечката и мечињата ја минувале падината преку патеката веднаш под ски лифтот во чијашто кабина бил и авторот на видеото.
Локалните медиуми велат дека туристите честопати наидуваат на мечки во овие области, но предупредуваат дека тие може да бидат и опасни. Така, во септември годинава спасувачките екипи од Сочи од планината морале да евакуираат група туристи, која била нападната од мечка, и притоа една туристка потешко била повредена во грбот.
https://www.youtube.com/watch?v=v_bjDbB-Rg8
Извор : Макфакс