Категории

Меган Маркл и принцот Хари положија цвеќе на гробиштата на загинатите во Првата светска војна

Меган Маркл и принцот Хари ги посетија гробиштата во Лос Анџелес и им оддадоа почит на загинатите војници во Првата светска војна. За Денот на сеќавањето парот избра елегантни темни стајлинзи.

За оваа прилика Меган избра елегантен стајлинг од долг црн капут кој го искомбинира со колан и високи потпетици додека принцот Хари и парираше во тегет одело на кое ги истакна медалите кои ги доби за време на својата воена служба.

Денот на сеќавањето, британското кралско семејство го одбележа на свечена церемонија во Лондон на која присуствуваше кралицата Елизабета, принцот Чарлс, војводата и војвотката од Кембриџ  и останатите членови на кралското семејство.