Категории

Мејкап трикови за вашите очи да изгледаат поголеми

Одлични трикови со чија помош можете да создадете илузија на “doll eyes”

Сигурно некогаш сте следеле некој мејкап туторијал на youtube и сте помислиле дека тој никако не може да одговара кај вас поради формата на вашите очи. Секако, мејкап артистите пронајдоа решение за секој проблем кога е во прашање шминкањето на различните контури и облици на лицето.
Познатата мејкап артистка Меј Куинх одлучи да сподели одлични совети за дамите со мали очи кои сакаат да го постигнат ефектот на „doll eyes“, односно очи како кај куклите.
Таа изјави дека работи со клиенти со различни форми на очи но особен предизвик и се оние со помали очи затоа што често шминката за очи кај нив може да постигне спротивен ефект, односно тие изгледат уште помали и позатворени.

Таа советува користење на светли сенки, бисерна, розова, и светли земјени тонови и да се избегнуваат темните бои.
За издолжување на окото таа советува користење на молив за очи во улога на eyeliner и исцртување на рабовите на горните капаци и потоа блендање со помош на сунѓерче за да се постигне smudged eye ефект.
Аститката советува избегнување да се нанесува темен креон на долниот капак, наместо тоа да се користи бел кој ќе создаде излузија дека вашите очи изгледаат поотворени и поголеми.

Прегледи:
511
Објавено на:
28.12.2019