Категории

Меланија Трамп порача задолжително да се носат маски откако Доналд изјави дека не сака да носи

Претседателот Доналд Трамп им порача на американците да носат шалови и марами преку лицата додека одат на јавни места

Првата дама на САД Меланија Трамп активно се вклучи во борбата против коронавирусот. Таа сними и видео во кое ги повикува луѓето да носат маски, а после тоа објави и своја фотографија со маска.

„Додека Центарот за контрола и превенција на болести продолжува да го проучува ширењето на Covid-19, надлежните препорачуваат да се носат заштитни маски на јавни места, на кои е тешко да се одржува мерка за социјално дистанцирање како продавници на прехранбени производи и аптеки. Запомнете, тоа не го заменува социјалното дистанцирање. Тоа е само уште една мерка за да бидеме сигурни.“ , порача Меланија.

 

 

 

Нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп минатата седмица зборуваше за препораките од Центарот за контрола на болести околу носењето на заштитни маски. Дел од здравствените работници изјавија загриженост дека маските би можеле да прошируваат инфекцијата со тоа што се навлажнуваат во текот на носењето, а се појави и страв дека нема да има доволно маски за здравствените работници ако граѓаните ги купат.

Сепак крајната препорака на американските стручњаци е маските да не се одлагаат затоа што бројни заразени од коронавирусот немаат симптоми. Освен тоа, додека ги носат, луѓето во помала мерка ги допираат носот и устата.

Трамп ги советуваше американците да носат шалови и марами преку лицата додека одат на јавни места. Иако тој сам има фобија од микроби, нагласи дека не сака да носи маска.
„Не сакам да ја носам, тоа е само препорака“, изјави.

Прегледи:
577
Објавено на:
10.04.2020