- Лав
Кариера и пари: Вашите таленти ќе придонесат да бидете унапредени на работа, а сите ќе ви завидуваат за постигнатиот успех. Сега за сега, работата ви оди толку добро што нема потреба од каков било стрес. Од финансиска гледана точка, април ќе ви донесе светла перспектива, особено за заработка од вложување во инвестиции.
Здравје: Вашето здравје значително ќе се подобри во однос на минатиот месец. Ќе имате повеќе енергија и елан, а нервозата секојдневно ќе се намалува. Заштитете се себеси од стрес, бидејќи стресот може да резултира со инциденти.
Љубов: Ќе бидете загрижени за врската или за партнерот, а тоа може да ве направи малку љубоморни. Наместо да бидете љубоморни, истражувајте што најмногу сака партнерот и приредете му изненадување. За оние кои не се во врска, можеби ќе имаат неколку шанси кои за жал ќе ги испуштат, но затоа ќе имаат повеќе среќа во наредниот месец.
Совет: Зборувајте го она што другите сакаат да го слушнат.
- Девица
Кариера и пари: Овој месец не е вистинско време за самостојни проекти, па затоа фокусирајте се на тимската работа. Сѐ е полесно кога се наоѓате во друштво на неколку луѓе. Што повеќе лиѓе се вклучени во проектот, тоа подобро. Бидете внимателни, април може да ви донесе и финансиски ризици исто така. Размислете двапата кога донесувате некоја одлука која вклучува пари.
Здравје: Во некои периоди од месецот ќе бидете загрижени скоро за сѐ. Потрудете се да не сфаќате сѐ здраво за готово. Редовно одете на рутински преглед кај заболекар.
Љубов: Насмевнете се, ова е вашиот месец на љубовта. Едноставно вашите очи ќе гледаат сѐ во боите на љубовта и романтиката. Шармот кој го поседувате ќе биде забележан од страна на една личност, која понатаму може да ви стане важен лик во вашиот живот. А оние кои се во врска ги очекуваат долги, романтични вечери со партнерот.
Совет: Зборувајте со блиски луѓе во врска со вашите проблеми.
- Вага
Кариера и пари: Можете да здивнете, ова ќе биде месец на успеси и финансиски профит. Доколку сте имале заостанати долгови од минатите месеци, сега ќе имате можност да си ги исплатите. Ако сѐ уште имате неоткриени таленти, тогаш би било добро да ги покажете овој месец, бидејќи ќе ви донесат добра заработка.
Здравје: Здравјето секогаш треба да биде вашиот приоритет, без разлика колку сте зафатени. Стресот кој ќе го чувствувате може да влијае на вашето здравје, па затоа би било добро да почнете да вежбате јога, која ќе ви го донесе вашиот внатрешен мир.
Љубов: Веќе се чувствува напнатоста во воздухот. Доколку не сакате да бидете веќе со вашиот партнер, едноставно кажете му го тоа. Не измачувајте се пронаоѓајќи ги вашите грешки, единствена грешка ќе ви биде доколку останете во врска која порано или подоцна ќе пропадне. Фокусирајте се на нешто ново, кое од ново ќе ви ги побуди вашите страсти.
Совет: Правете го она што мислите дека е најдобро за вашата внатрешна хармонија!
- Скорпија
Кариера и пари: Ова ќе биде еден активен месец, со многу одговорност, но и задоволства. Оваа комбинација може да ви донесе неколку промени во работата, поврзани со околината и атмосферата во која работите. Држете се подалеку од колегите кои ви завидуваат, тие само сакаат да ги уништат сите ваши планови. Вашата финансиска состојба ќе биде добра месецов, но тоа не значи дека треба да трошите многу пари.
Здравје: Избегнувајте ги алкохолот, цигарите и кафето. Прекумерно внесување на овие работи во организмот може да штети на вашето тело. Не прескокнувајте го појадокот, тоа ќе ви донесе повеќе енергија во теков на денот.
Љубов: Флертот и авантурата ќе бидат на врвот на вашата листа за месецов. Вашата врска ќе се претвори во вистинска еротска сензација, а пеперутките нема да излезат од вашиот стомак. Последната недела од месецот ве очекува изненадување кое веќе подолго време ви го подготвува партнерот, романтично патување, можеби?
Совет: Ослободете се од нездравите навики.