Кариера и пари:
Нешто едноставно нема да ви оди како што треба. Дури иако сте успешни, само неколку луѓе ќе го забележат вашиот труд и стресот што го претрпувате. Ќе се чувствува многу напнатост на работа, а односите со колегите нема да ви бидат баш најдобри. Иако ќе имате финансиски притисок, парите сепак ќе најдат начин да стигнат до вас.
Здравје:
Ноември може да биде доста турбулентен период за вас, бидејќи вие сакате мир и комфор, а ова може да влијае на вашата внатрешна рамнотежа. Не обидувајте се да ги избегнете проблемите со прекумерно јадење и пиење.
Љубов:
Работата и обврските ќе имаат важно влијание во вашиот љубовен живот месецов. Ќе бидете премногу зафатени, па со тоа ќе ја изгубите желбата за задоволство и забава. Она што може да ви донесе среќа е планетата Венера, која ќе биде во привилегирана позиција месецов.
Совет: Бидете трпеливи.
Кариера и пари:
Овој месец е дефинитивно месец на интелектуалните вештини! Доколку вашата работа е поврзана со пишување, преведување, толкување и сл. тогаш ве очекуваат многу поволности. Вашите обврски ќе ги извршувате во најбрз можен рок, а претпоставените ќе го забележат тоа. Што се однесува на парите, очекувајте финансиски прилив во вториот дел од месецот.
Здравје:
Ноември ќе биде доста активен месец за вас, исполнет со многу прошетки и други спортски активности. Ќе ја сфатите сериозно работата околу вашето здравје и ќе се заангажирате да се вратите во форма.
Љубов:
Сексуалната енергија која ќе ја почувствувате ќе ги фасцинира останатите, а вас ќе направи да се чувстувате импулсивно и страствено. Не сте во врска? Ќе имате многу шанси во текот на целиот месец, но доколку не сакате ништо сериозно, тогаш слобоно можете да се пофалите со одлични авантури. Значи, ноември ќе биде месецот на сексуалниот интензитет.
Совет: Организирајте повеќе средби со пријателите.
Кариера и пари:
Овој месец ќе бидете повеќе настроени кон вашиот приватен живот и семејството, отколку на вашите професионални успеси и амбиции. Исто така, ќе бидете во одлична можност да го промовирате својот бизнис на пазарот.
Здравје:
Во последните две недели од ноември ќе се чувствувате како енергијата да ви опаднала, па затоа ќе ви треба повеќе одмор. Одете на часови по пилатес или аеробик.
Љубов:
Сензуалност ќе биде она што ќе ви го одбележи месецот. Желбата за секс за една вечер, или за авантура, ќе имате можност да си ја остварите токму овој месец. Но, внимавајте, пазете со кој ќе бидете, бидејќи може да ви се случат несакани последици.
Совет: Во љубовта сѐ е дозволено. :)
Кариера и пари:
Вашите таленти ќе придонесат да бидете унапредени на работа, а сите ќе ви завидуваат за постигнатиот успех. Сега за сега, работата ви оди толку добро што нема потреба од каков било стрес. Од финансиска гледана точка, април ќе ви донесе светла перспектива, особено за заработка од вложување во инвестиции.
Здравје:
Вашето здравје значително ќе се подобри во однос на минатиот месец. Ќе имате повеќе енергија и елан, а нервозата секојдневно ќе се намалува. Заштитете се себеси од стрес, бидејќи стресот може да резултира со инциденти.
Љубов:
Ќе бидете загрижени за врската или за партнерот, а тоа може да ве направи малку љубоморни. Наместо да бидете љубоморни, истражувајте што најмногу сака партнерот и приредете му изненадување. За оние кои не се во врска, можеби ќе имаат неколку шанси кои за жал ќе ги испуштат, но затоа ќе имаат повеќе среќа во наредниот месец.
Совет: Зборувајте го она што другите сакаат да го слушнат.