Категории

Местото кое секој гурман треба да го посети – Вила „Весница“

На само 17 километри од центарот на градот во магичното скопско Мирковци се крие местото каде што гурманите можат да уживаат со вистинска сласт во секое внимателно приготвено гастро уживање во рустикалната Вила „Весница“.

Мирисот на домашното месо, најубавите домашни колбаси и други специјалитети од месо и риба се само дел од гурманската приказна. Неодолив етно амбиент за неодоливо гастро задоволство со вкусот на врвното овчо сирење и домашна „вртена“ пита која станува уште повкусна кога ќе ја „макнете“ во макалото од лук, највкусниот ајвар или некоја неодолива крем салата.

Секој вистински македонски гурман или гостин, турист, добронамерник кој ќе сврати во нашата Македонија не признава трпеза без најдоброто Тавче-гравче, макало и домашни чварки кои се топат од убавина.

Место каде што часовникот застанува, место каде што семејството наоѓа време за вистински семеен ручек надвор од градската бука, место каде што пријателите можат со часови да уживаат во долгите разговори и да наздрават со чаша домашно вино за убавите спомени. Место кое ја слави љубовта, место каде што сите наши сакани можат да се соберат и да ја прослават заедно со нас нашата веридба, нашето судбоносно „Да“ и место каде што ќе го прославиме најпосакуваното добредојде на новиот член во семејството.

 

Топло Ви препорачуваме “Вила Весница“, местото каде што моментот трае подолго од било кога, а секој момент е претворен во вкус кој ве враќа повторно на истото место, а тајната е во врвната угостителска традиција стара повеќе од 20 години.